четврток, 17 септември 2009

Давид Силва поласкан од интересот од Премиер Лигата:


Ѕвездата на Валенсија, Давид Силва вели дека е поласкан од интересот на екипа од калибарот на Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот интернационалец ова лето се поврзуваше со заминување од Валенсија, но остана на Местаља и покрај интересот на голем број гиганти.

Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул, Челзи и Реал Мадрид беа дел од заинтересираните екипи, но второ лето по ред, Лос Че успева да го задржи Силва во своите редови.

“Чест е за секој игра да знае дека клуб од калибарот на Манчестер Јунајтед ве следи и самото тоа е огромна пофалба за вас.” – рече Силва.

“Но јас сум верен на Валенсија и мојот сон е да ја освојам титулата но во иднина се може да се случи.”

“Во последните неколку месеци Валенсија одби неколку понуди за мене и јас сум среќен тука.”

“Но исто така знам дека Премиер Лигата е големо натпреварувања и тешко може да се одбие.”

Силва беше на врвот од листата на желби на Рафа Бенитез изминатово лето но Ливерпул не можеше да плаи 30 милиони фунти, колку што ги побара Валенсија.

Јунајтед ја имаше финансиската моќ да го зграби Силва и Ферги во неколку наврати го следеше играчот но Црвените Ѓаволи не извршија поголем притисок врв Валенсија.

0 коментари: