Мајкл Овен кој ја донесе победата на Мaнчестер Јунајтед во градското дерби против Сити признава дека тој гол му е еден од најголемите во кариерата.
„Тоа веројатно ќе биде еден од моментите на кои ќе се враќам со спомен, ќе биде најголемиот погодок во мојата кариера. Да погодам толку драматичен гол во дерби натпревар е просто неверојатно. Треба да се види за да поверуваш дека е вистина. Тоа сигурно е еден од најголемите натпревари пренесувани на ТВ каналите воопшто“, некриејќи ја радоста по постигнатиот погодок коментираше Овен.
0 коментари:
Објави коментар