петок, 11 септември 2009

Акинфеев желен за преселба во Јунајтед:


Младиот интернационалец на Русија го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа по имресивните настапи за својот клуб и репрезентацијата.

Акинфеев исто така се поврзува со преселба во Баерн Минхен и Арсенал, а и Сер Алекс Фергусон добро внимава на голманот.

Со холандскиот интернационалец Едвин ван дер Сар пред крајот на својата кариера, можно е Фергусон да биде привлечен од идеата да донесе додатна конкуренција за Бен Фостер.

23 годишниот Акинфеев признава дека ќе биде тешко да се игнорира можноста да се пресели во редовите на шампионот од Премиер Лигата.

The Sun го цитира Акинфеев како вели: “ЦСКА е голем клуб но секој играч сака да ги покаже своите квалитети во Јунајтед.”

0 коментари: