петок, 18 септември 2009

Тевез очекува добар прием на Олд Трафорд од фановите на Јунајтед:


Во недела се игра големото градско дерби во Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед.

Тевез беше еден од омилените на фановите во Јунајтед, но одлучи да се пресели во нивниот голем ривал Манчестер Сити.

Тој сеуште е неизвесен за натпреварот во недела, но смета дека ќе наиде на добар прием од фановите на Јунајтед доколку настапи на натпреварот на Олд Трафорд.

"Очекувам добар прием, бидејќи во Јунајтед јас секогаш го давав најдоброто од мене и имав добар однос со фановите" - изјави Карлос Тевез за Daily Telegraph.

"Тие знаат дека јас давав се од себе на Олд Трафорд за да постигнувам голови кој ќе му помогнат на тимот да победува на натпреварите, па не гледам зошто да имам лош прием".

"Што ќе направам доколку постигнам гол? Добро, ќе ми биде драго, но не размислувам многу за тоа во моментов".

"Најважно е Манчестер Сити да победи. Доколку не постигнам гол, но победиме, ќе бидам многу среќен".

Рио Фердинанд кој исто така е неизвесен за овој натпревар, вели дека трансферот на Тевез во Сити покажува дека најголем ривал на Јунајтед е Ливерпул а не нивниот градски ривал.

"Фактот што Карлос Тевез замина во Сити зборува за степенот на ривалство на Јунајтед со Манчестер Сити и Ливерпул".

"Карлос рече дека би сакал да ги испочитува фановите со тоа што нема да се пресели во Ливерпул".

"Но тој сметаше дека е добро да се пресели во Сити. Тоа само покажува кој е најголем ривал на Јунајтед" - изјави Фердинанд.

0 коментари: