сабота, 12 септември 2009

Бербатов: Одлично ми беше во Тотенхем, но не можев да го одбијам Јунајтед:


Бербатов денеска се враќа на Вајт Харт Лејн каде што Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Тотенхем.

Бугарскиот интернационалец вели дека бил среќен во Лондон, но не можел да одбие понуда од Јунајтед.

"Уживав во моето време поминато во Тотенхем, и навивачите беа многу добри кон мене" - вели Бербатов.

"Но, кога ќе слушнете дека клуб како Манчестер Јунајтед се интересира за вас и имате шанса да играте во Лигата на Шампионите, невозможно е да кажете не".

"Имам амбиции и на моја возраст е вистинско време да пробам да ги постигнам тие",

Чичкото на Бербатов е свештеник кој се занимава со изгонување на духови, тој не бил многу задоволен што неговиот внук се преселил во Црвените Ѓаволи.

"Тој е свештеник и изгонувач дома во Бугарија, тој е моќен човек кој истерува демони и духови".

"Кога се преселив во Јунајтед, тој имаше проблеми со нивниот прехар. Како побожен човек, нему му пречеше името Црвени Ѓаволи".

"Тој ми рече дека неговата црква станува се поголема, се полни со се повеќе луѓе. Луѓето во Бугарија се луди по фудбал".

"И доколку тоа што јас играм во Манчестер Јунајтед ќе ги натера луѓето повеќе да одат во неговата црква тоа би било одлично. Не е важно како доаѓаат, туку важно е дека тие ќе учат од него" - заврши Бербатов.

0 коментари: