четврток, 10 септември 2009

Рио Фердинанд би можел да се врати на натпреварот со Тотенхем:

Rio Ferdinand in training

Рио Фердинанд би можел да се врати на натпреварот со Тотенхем на Вајт Харт Лејн во сабота.

Англискиот репрезентативец не во игра од натпреаврот против Челзи од Комјунити Шилд има повреда на грбот, но тој тренира веќе една цела недела и има можност да се врати на утакмицата со Тотенхем на Вајт Харт Лејн.

"Рио има шанса да се врати на терените во сабота." - изјави Сер Алекс Фергусон."Не сум сигурен дека ќе заигра но сепак постои шанса."

"Имаме добра спремна група на фудбалери што тренираа за време на интернационалните натпревари - Фердинанд, Пол Сколс, Рајан Гигс, Гери Невил, Андерсон, Џи Сунг Парк...Исто така и младиот Фабио и Мајкл Овен. Не е вообичаено многу фудбалери да има за време на интернационалните дуели."

Сер Алекс потврди дека Гери Невил има тренирано секој ден по натпреварот што го изигра за резервите минатиот четврток и ќе биде во составот во за натпреаврот со Тотенхем.Како и да е Џон Ошеа нема да биде подготвен за мечот поради повредата што ја затекна на натпреаврот за неговата селекција.

Од сегашниот тим на располагање знае дека неговиот тиме ќе има тежок тест.Тотенхем за ја започна сезоната одлично победувајќи на сите четири натпреаври.

"Гледав неколку видеа вчера кои би можеле да ни помогнат нас." - изјави Сер Алекс Фергусон "Но тоа е вообичаено за Пермиер Лигата.Се надевам дека ќе го изберам правиот тим и ќе извлечеме добар резултат."

"Мислам дека Тотенхем може да ја разбие големата четворка.Хари привлече и донесе многу добри играчи како Питер Крауч и Џермеин Дефо."

"Тој сега го има и Нико Крањчар од Портсмут и Вилсон Паласиос од Виган кој е добар фудбалер и донесе голема цврстина во средниот ред."

"Тие ја започнаа многу добро оваа сезона и имаат доволно искуство собрано од претходните сезони.Јас мислам дека Тотенхем има реални шанси да ја разбие големата четворка.Мислам дека тие и Сити ја имаат можеби таа можност ... Па потоа доаѓаат Евертон и Астон Вила."

Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: