сабота, 5 септември 2009

Ле Авр вели дека е поднесена жалба до ФИФА за случајот на Погба и Јунајтед:

Екипата на Челзи пред неколку дена доби забрана од 18 месеци за регистрација на нови играчи откако Ленс го доби случајот што го покрена пред ФИФА за трансферот на Гаел Какука.

Ле Авр, уште една екипа од Францускиот шампионат, исто така реагираше брзо и најави жалба до ФИФА за нивниот случај со трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Светската куќа на фудбалот вчера негираше дека тие добиле жалба од Ле Авр но претседателот на клубот Лувел вели дека тие веќе стапиле во контакт со ФИФА и го доставиле нивниот случај.

Ле Авр се надева дека ФИФА ќе донесе слична одлука како и при случајот со Челзи.

“Играчот требаше да го потпише првиот договор во Франција.” – рече Лувел за France info радио станицата.

“Но тоа не се случи бидејќи Манчестер Јунајтед стапи во контакт со неговите играчи и понудија астрономски финансиски договор за 15 годишно момче.”

“Ние го приложивме нашиот случај до ФИФА. Писмото за заминување не беше во согласност од Француската Федерација, па денес ФИФА е известена.”

“Се надевам дека ќе има ист резултат (како и во случајот на Гаел Какута) и ќе им покаже на тие клубови дека не можат да прават што сакаат и дека има правила кои мора да се почитуваат.”

0 коментари: