вторник, 29 септември 2009

Агентот на Руи Патрисио вели дека Јунајтед го следи неговиот клиент:


Се шпекулира дека високо ценетиот чувае на мрежата е мета на Црвените Ѓаволи уште од времето кога Карлос Квеироз беше асистент на Алекс Фергусон.

Квеироз го напушти Олд Трафорд во 2008 за да стане селектор на Португалскиот национален тим и младиот чувар на мрежата на Спортинг регулрано е дел од составот на селекцијата.

Извештаите на медиумите говорат дека Патрисио е дел од листата на желби на Јунајтед за долгорочна замена на Едвин ван дер Сар, кој е можно да се пензионира по крајот на сезонава.

Агентот на Патрисио, Карлос Гонкалвес потврди дека шампионот на Премиер Лигата подолго време го следи неговиот клиент.

Гонкалвес за A Bola рече : “Вистина е дека тој е следен долго време, дури од периодот кога Карлос Квеироз беше дел од Манчестер Јунајтед.”

Иако Патрисио сеуште нема дебитирано за сениорскиот национален тим, тој исто така беше дел од составот на поранешниот селектор Луис Фелипе Сколари за ЕВРО 2008.

Медиумите од Островот вчера исто така објавија дека Сер Алекс Фергусон го следи голманот на Интер, Жулио Цесар.

0 коментари: