понеделник, 28 септември 2009

Јунајтед се насочува кон голманот на Спортинг Лисабон Руи Патрисио?

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEgdB-9mfSnKqK8kjtLVXMTG5AmY2UfGtMv39LXXJCXJAgW5K_zC4zTQ7DEPlDjSFlosHEWQJxdD8SirlJTHY_pz4FMtL5IPLL03lU5fYyp_4teLostTfupgtXrkB_j9BB4mvjSEtqsyJf4/s400/Rui+Patr%C3%ADcio2.jpg

Извештаји од Португалија изјавуваат дека Манчестер Јунајтед се се поблиску до договор со Спортинг Лисабон за нивниот 21 годишен голман Руи Патрисио.

Младиот голман на Спортинг Лисабон се наоѓа долго време на радарот на Манчестер Јунајтед уште од времето кога Кристијано Роналдо се пресели на Олд Трафорд.

Интересот се зголеми кога тренерот на Спортинг Лисабон не го ставаше во преден план Руи Патрисио како број еден голман во тимот.

38 годишниот Едвин Ван Дер Сар како прв избор во Манчестер Јунајтед е на залезот на својата кариера.Бен Фостер моментално е прв избор на Ферги бидејќи Ван Дер Сар е повреден, но сеуште е прашање дали Фостер може да го замени Ван Дер Сар, поради тоа Ферги гледа можна замена во Руи Патрисио за Едвин.

Извор!

0 коментари: