недела, 6 септември 2009

Гигс сака да биде тренер во иднина:

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс фрли око на тренерската кариера откако ќе се пензионира.Image
Гигс за англиските медиуми откри дека сака да продолжи по тренерските води, откако ќе ги остави копачките во своите витрини.

"Сеуште не сум одлучил кога ќе ја завршам мојата кариера, но во исто време е многу важно да одлчам што ќе правам по завршувањето на кариерата."

"Имам завршено неколку тренерски курсеви и сакам да останам покрај терените како тренер."

"Но ако ме прашате сега, дали имам директен план што би правел откако ќе се пензионирам од терените, нема да одговорам бидејќи сеуште не сум одлучил ништо."


"Имам многу опции за понатака, но сеуште не сум одлучил што поточно да бидам."

"Ме интересира опцијата да бидам менаџер, истото нешто што го направија Стив Брус, Рој Кин, Марк Хјуз и Пол Инс, па не би било чудно за блиско време и да бидам наследник на Фергусон."
- духовито заврши Гигс.

0 коментари: