Звјездн Мисимовиќ, 27-годишниот среден играч на Волфсбург и босански репрезентативец, со страв го очекува дуелот од 2-то коло од фудбалската Лига на Шампионите во Манчестер.
„На теренот не чека пекол, што друго?“ - се прашува Мисимовиќ и потрдува зошто:
„За мене трите најдобри фудбалски тимови на светот се Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.“
Мисимовиќ рече што треба да бида водичот на неговиот тим на Олд Трафорд.
„Никако не смееме да се браниме и да се ориентираме само на чување на својата мрежа. Таков пристап против Манчестер Јунајтед 100% ве турка во пораз. Имаат фантастични напаѓачи, Руни и Бербатов. Во одбраната се исто така јаки, Видиќ таму е нивниот најдобар играч. Но, мислам дека нашата можност баш лежи во средниот ред каде тоа е нивната најслаба точка.“
0 коментари:
Објави коментар