недела, 20 септември 2009

Парк е среќен поради потпишувањето на нов договор со Јунајтед:


Парк потпиша нов две годишен договор со Манчестер Јунајтед, 28-годишниот фудбалер е повеќе од задоволен поради тоа.

"Многу сум среќен поради тоа што потпишав нов договор" - изјави Парк за официјалната страна на Јунајтед.

"Навистина уживам тука и го ценам сето она што Сер Алекс и стручниот штаб го направија за мене, но исто треба да ги пофалам и фановите, кои се неверојатни".

"Ние постигнавме голем успех во изминатите четири години и освоивме многу трофеи".

"Тоа е одлично искуство за мене да играм во овој неверојатен клуб покрај толку познати фудбалери".

Сер Алекс Фергусон вели дека новиот договор на Парк е поради неговата напорна работа и посветеност кон Јунајтед во изминатите четири години.

"Ние секогаш сме задоволни кога ќе ја обезбедиме иднината на нашите најдобри фудбалери и Парк докажа дека е фантастичен фудбалер и важен играч за Јунајтед"

"Ние сме среќни поради потпишувањето на нов договор со него" - изјави Фергусон.

0 коментари: