четврток, 1 октомври 2009

Манчестер Јунајтед 2 - 1 Волфзбург:

Манчестер Јунајтед успеа да го освои целиот плен од дуелот против шампионот на Германија, тимот на Волфсбруг.

Image

Јунајтед претпазливо го започна овој меч, а Волфсбург покажа голема иницијатива на самиот старт. Но сепак Јунајтед упсеа да се одбрани од нападите на играчите на Волфсбург. Во првиот дел се играше еднакво на двете страни, а најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Мајкл Керик кој успеа да промаше 100% шанса за Јунајтед. Во 20-тата минута Мајкл Овен мораше да го напушти тернот поради повреда, а на негово место влезе Димитар Бербатов. На одморот се замина со резултат 0:0.

Вториот дел започна со иницијатива на Јунајтед. Тимот од Олд Трафорд го контролираше натпреварот, но сепак не успеа да го отвори резултатот. Затоа Џеко во 56-тата минута по нафрлувањето на Жосуе успеа да поентира за водство на гостите. Но, радоста кратко траеше за тимот од Германија. Веќе во 59-тата минута Рајан Гигс успеа од слободен удар да го изедначи резултатот.

Од тој погодок, на теренот играше само еден тим, тимот на Манчестер Јунајтед. Шансите се редеа една по една, а победоносниот погодок успеа да го постигне Мајкл Керик во 78-та минута кога по една нафрлена топка, Гигс успеа да му асистира, а тој со удар од работ на 16-тикот успеа да ја смести топката под самата пречка.

Манчестер Јунајтед сега е прв на табелата со 6 поени, а зад него следуваат Волфсбург и ЦСКА Москва со по 3 поени и Бешикташ со 0 освоени поени.

Моја анализа: Тимот игра супер и игра цел тим па дури и се враќа од загубен меч и победува.Кога беше Роналдо во Манчестер сите се плашеа од него и сите го чуваа но сега новиот Манчестер игра колективно и сите даваат голови и не знае противникот од која страна ќе нападне Јунајтед.Следен натпревар ни е со Сандерлен се надевам на продолжување на серијата победи и одлепување на табелата.Поздрав!:)


0 коментари: