недела, 4 октомври 2009

Манчестер Јунајтед 2 - 2 Сандерленд

Историјата на некој начин се повтори на Олд Трафорд. Манчестер Јунајтед во судиското надополнение му даде гол на Сандерленд и избегна неочекуван пораз - 2:2!

Image

Минатата сезона, на 6-ти декември 2008-та година, Немања Видиќ по истото сценарио на „црвените ѓаволи“ им донесе минимална победа над истиот противник, што се покажа неверојатно важно во трката за титулата.

Сандерленд овој пат ги имаше сите услови за од „Театарот на соништата“ да си замине со триумф по повеќе од 41 година.

„Црните мачки“ на два пати водеа, со погодоците на Дарен Бент и Кенвејн Џонс, додека Мајкл Керик со пожртвуван старт го спречи Џонс да зголеми на 3:1.

Среќата за Јунајтед пристигна кога Нани испрати удар по земја од 15-тина метри, а топката го допре Антон Фердинанд (братот на капитенот на Јунајтед Рио) и ја испрати топката во левиот агол - токму на истото место каде со „полуножички“ ја смести и Димитар Бербатов, кој во 51-та минута го израмни резултатот на 1:1.

Четата на Алекс Фергусон се издвои на првото место, со бод повеќе од Челзи, кој во неделното дерби го дочекува Ливерпул.

Моја анализа:
Натпреварот не го одигравме баш најдобро првото полувреме бевме катастрофа.Второто се подобирвме секоја чест за Бербатов за голот едноставно ремек дело.Можевме и да победиме на крај имавме шанса но подобро е и еден бод отколку ниеден бод.Се одлепивме на табелата за еден бод но пресотанува дуелот Челзи - Ливерпул ако победи Челзи ќе се искачи на врвот на табелата.Вториот гол го примивме поради Фостер едноставно човекот не може да го замени Ван Дер Сар и мораме да купуваме голман во зимски трансфер период топката од раце му падна при вториот гол.Една добра работа гледам тимот е способен да направи многу и да се врати од 100% загубен меч до победа како на пример со Волфзбург,Арсенал и Тотенхем.Следниот натпревар ни е за две недели се надевам дека Ферги ќе го консолидира тимот и ќе почнеме да редиме повторно победи.Поздрав!;)

0 коментари: