недела, 11 октомври 2009

Фостер повикан за натпреварот со Белорусија:

FOOTBALL World Cup qualifying 2010 Ben Foster of England - 0

Чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер е повикан за престојниот дуел со репрезентацијата на Белорусија во рамките од кфалификациите за престојното Светско Првенство.

На голманот на Вест Хем, Роберт Грин му беше покажан директен црвен картон на дуелот со Украина при што Англија загуби со 1-о.

Дејвид Џејмс се очекува да биде прв избор на Капело додека на клупата да бидат Харт и Фостер.

Фостер не беше повикан за претходниот дуел на Англија со Украина поради повреда на градниот кош заработена на дуелот со Сандерленд од Премиер Лигата.

26 годишниот голман беше глваниот виновник за ремито на Јунајтед.Го загуби воздушниот дуел со Кенвајн Џонс и прими гол.Исто така не се покажа во најдобро светло и на дуелот со Манчестер Сити при кој Јунајтед победи со 4-3.

Англија се пласира директно на Светското Првенство во Јужна Африка додека Белорусија нема шанси да стигне до баражот.

Извор!

0 коментари: