вторник, 20 октомври 2009

Јунајтед е спремен да даде 28 милиони за Јоветиќ:

Според италјанските медиуми, Манчестер Јунајтед припрема понуда од дури 28 милиони евра за напаѓачот на Фиорентина, Стеван Јоветиќ.Image
Црногорецот, воодушеви со своите игри во нападот на „виола“ оваа сезона. Најпрвин со својот погодок против Спортинг Лисабон успеа да го вметне својот тим во Лигата на Шампионите, а во фазата по групи со 2 погодоци го сруши и Ливерпул. Во Серија А три пати успеа да ја тресе противничката мрежа, а сето тоа придонесе за голем интерес на бројни европски тимови.

Најнов во низата е англискиот шампион кој очигледно сеуште бара вистинска замена за Кристијано Роналдо. Но, менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон нема да му биде лесно да го ангажира Црногорецот затоа што спортскиот директор на Фиорентина Панталео Корвињо, тврди дека на Јоветиќ му е судено да стане легенда на „виола“.

„Тој е предодреден да остане затоа што сака да живее во Фиренца. Среќен сум што кај него нема големи дилеми. Судбината му одреди да стане клубска легенда, како и на многумина пред него.“
- вели Корвињо.

Менаџерот на Јоветиќ неодамна изјави дека неговиот клиент чини 25 милиони евра, а од тогаш по низата шпекулации, Фиорентина сеуште нема добиено официјална понуда.

0 коментари: