четврток, 22 октомври 2009

ЦСКА Москва 0 - 1 Манчестер Јунајтед

Во првиот натпревар од денешниот ден англискиот шампион Манчестер со гол во последните секунди успеа да ја победи московска ЦСКА

Image

На стадионот Лужниќи во Москва Англискиот шампион со својот десеткуван состав успешно се спротистави на домаќинот ЦСКА во текот на првото полувреме и во поголемиот дел од второто за на крај преку Валесија да стигне до трите поени.

Првите 10. минути од натпреварот поминаа во игра на средината од теренот во таканаречено испитување на силите.

Потоа гостите имаа блага теренска иницијатива која не успеаа да ја валоризираат а првиот посериозен удар кон голот на Акинфеев го имаше Пол Скопс во 27. минута од полувремето но голманот на русите со крајни сили успеа да го одбрани и топката замина во корнер.

Во последните 15 минути домаќините имаа комплетна теренска надмоќност која ја крунисаа и со два посериозни удари кон голот на Јунајтед, најпрвен Томас Нецип во 29. минута се обиде со глава но само успеа да го погоди Ван дер Сар за да во 34. минута после фантастичен пробив од десната страна Красниќ шутираше покрај голот.

Почетокот на второто полувреме започна исто како што помина целото прво полувреме, во игра на средината, без многу шанси и без удари кон двата гола.

Како изминуваше полувремето домаќинот ја превземаше иницијативата и контролата над играта при што домаќините беа поопасни и често го загрозуваа голот на Едвин ван дер Сар.

Во последните 10 минути со влегувањето на Мајкл Овен во игра гостите од Манчестер ја превзедоа доминацијата на теренот при што играта се префрли пред голот на Акинфеев.

Таа доминација гостите ја валоризираа на 6 минути пред крајот на средбата со погодокот на Валенсија по центаршутот на Нани.

Пулените на Фергусон дојдоа по еден поен на Лужниќи а на Олд Трафорд си заминаа со сите три.


Моја анализа:

Добро изигравме и тоа не доведе до овој резултат.Валенсија супер се покажува и ја покажува неговата добра страна и супер игра секоја чест за него игравме со многу изменет состав Фабио и Ошеи играа во средина но како и да е 3 бода се 3 бода.Следна утакмица дербито со Ливерпул ни е.Поздрав!:)


0 коментари: