среда, 21 октомври 2009

Ван дер Сар: Рио ќе ја врати старата форма:


Рио Фердинанд има пад во формата, тоа добро се виде на последните настапи како за Манчестер Јунајтед така и за Англија.

И покрај грешките кои се почесто ги прави, Фердинанд останува главниот столб на Јунајтед и Гордиот Албион и еден од најдобрите централни дефанзивци во светот.

Голманот на Јунајтед, Ван дер Сар му дава подршка на Рио и смета дека тој наскоро ќе се врати во својата најдобра форма.

"Рио има карактер и е добар играч, но секако, понекогаш поминувате низ лош период" - вели Ван дер Сар.

"Сигурен сум дека тоа нема да се одрази на него. Ние треба да бидеме сигурни дека тој ќе ја врати формата од минатата сезона. Сигурен сум дека ќе бидеме солидни во дефанзивата".

И менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон му дава поддршка на Рио Фердинанд.

"Во времето поминато кај нас, Рио се разви и ја достигна зрелоста и играше во извонредна форма"

"Пропуштените натпревари и повредите кои ги имаше влијаат. Но тоа е предизвик со кој се соочува".

"Тој одигра два натпревари за Англија сега и доколку влезе во серија од натпревари сигурен сум дека ќе се врати во ритам" - изјави Сер Алекс Фергусон.

0 коментари: