недела, 18 октомври 2009

Ферги пред санкција од ФА:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, најверојатно ќе добие казна од 5 натпревари поради критикување на судијата Алан Вајли по нерешениот резултат на неговиот тим против Сандерлед пред две недели.Image
Според англиските медиуми утре Фергусон ќе добие токму таква санција од ФА, што ќе представува и најсурова казна за Шкотланѓанецот во претходните 23 години - откако е на чело на „црвените ѓаволи“. Како што е познато, ФА детално го испитува случајот и побара писмено објаснување од менаџерот за неговите зборови упатени кон Вајли, кој беше обвинет од Фергусон дека не е добро физикчки подготвен.

Ако менаџерот на новиот лидер во Премиерлигата добие казна да не го води својот тим во наредните натпревари, тогаш Јунајтед ќе биде без својот ментор уште во дербито против Ливерпул наредната недела.

0 коментари: