петок, 16 октомври 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Болтон:

Утре во 16:00 ќе ги одмерат силите Манчестер Јунајтед и Болтон во рамките од 9 коло од Премиер Лигата.Натпреварот се игра на Олд Трафорд.
http://www.manchesterbars.com/photos/oldtrafford-300.jpg
Добар старт:

Манчестер Јунајтед ја започна сезоната добро е заостанува само два бода од прво пласираната екипа Челзи.

ОСвен поразот од Барнли и нерешената утакмица со Сандерленд минатото коло Манчестер Јунајтед победи на секој натпревар одигран до сега и во Премиер Лигата и во Лигата на Шампионите.

Непобедени на 9 утакмици со можни 8 победи во низа екипата на Сер Алекс Фергусон има намера да се врати на победнички патеки после киксот дома со Сандерленд.

Ќе биде интересно да се види како ќе се покаже Ван дер Сар на голот по враќањето од повредата.Едвин ќе го замени Бен Фостер на голот кој беше доста критикуван поради слабата одбрана на голот на Англискиот Шампион.

Рио Фердинанд ќе се врати во првиот тим исто така ќе стартува и Мајкл Овен.

Јунајтед на натпреварот ќе влезат како фаворити и ќе ги бркаат трите бода.

На другата страна:

После лошиот старт на сезоната екипата на Гери Мегсон е непобедена на последните 5 натпревари од кои 4 се од Премиер Лигата.

Со тие резултати екипата на Болтон се искачи на 13 место на табелата и се надеваат дека ќе одат сеуште нагоре но прво треба да го поминат големиот тест наречен Манчестер Јунајтед.

Болтон има тежок распоред во следниот период по натпреварот со Јунајте следи натпреварот со Евертон па со Челзи и на крај натпреварот со Астон Вила а, исто така ќе се сретнат со тимот на Карло Анчелоти и во Карлинг Купот.

Секој освоен бод во следните 4 кола за Болтон ќе значи успех и ќе немаат што да изгубат и ќе се борат до крај.

Последни 5 натпревари:

Манчестер Јунајтед:


Манчестер Јунајтед 2-2 Сандерленд
Манчестер Јунајтед 2-1 Волфсбург (Лига на Шампиони)
Стоук Сити 0-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 Вулверхемптон (Карлинг Куп)
Манчестер Јунајтед 4-3 Манчестер Сити


Болтон:
Болтон 2-2 Тотенхем
Бирмингем 1-2 Болтон
Болтон 3-1 Вест Хем (Карлинг Купот)
Болтон 1-1 Стоук
Портсмут 2-3 Болтон

Тимски Вести:

Манчестер Јунајтед:

Вејн Руни дефинитивно нема да биде спремен за овој наптревар па би требало да го замени Мајкл Овен.На голот ќе застане Ван дер Сар а се враќа и Фердинанд.

Болтон:
Болтон ќе настапи без Сем Рикетс.

Моја прогноза:
Се надевам дека Манчестер Јунајтед ќе се врати ан победничките патеки после киксот од Сандерленд.Руни нема да настапи а се враќаат Фердинанд и Ван дер Сар.Можеби со кикс на Челзи и победа на Јунајтед ќе се искачиме на врвот на табелата повторно.Поздрав!

Извор 1!

Извор 2!




0 коментари: