петок, 16 октомври 2009

Бербатов доби ќерка:


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и бугарската репрезентација, Димитар Бербатов станал татко. 28-годишниот Бербатов и неговата девојка Елена добиле утрината ќерка, само неколку часа откако Бербатов со 3 гола учествуваше во победата на Бугарија над Грузија од 6:2.

Бугарија и покрај високата победа во последното коло не успеаа да се квалификува за Светското првенство во Африка. Меѓутоа Бербатов во Јужна Африка може да навива за поголемиот дел од своите клупски колеги бидејќи речиси целиот тим на Манчестер Јунајтед со различни репрезентации ќе игра на СП 2010.

0 коментари: