среда, 21 октомври 2009

Преглед: ЦСКА Москва - Манчестер Јунајтед:

Вечерва во рамките од третото коло од Лигата на Шампионите се среќаваат ЦСКА Москва и англискиот Шампион Манчестер Јунајтед.Натпреварот се игра на Лужники Стадионот во 18:30.
http://www.stadiumdb.com/images/stadiums/europe/russia/moscow/luzhniki-stadium.jpg

Јунајтед се враќа во Москва:

Манчестер Јунајтед ја започна сезоната победнички и минатата недела тоа го видовме во победата д 2-1 над Болтон со која Јунајтед повторно се искачи на првото место на Премиер Лигата.

Освен изгубениот меч кај густувањето кај Барнли и нерешениот резултат со Сандерленд Манчестер Јунајтед победи на сите други натпревари и од Премиер Лигата и од Лигата на Шампионите.

Денеска Црвените Ѓаволи се враќаат на стадионот во Москва на кој победија во финалето од Лигата на Шампионите во сезоната 2007/2008 и запишаа трета титула од ова натпреварување во нивната историја.

Победа на ЦСКА Москва, водена од Хуанде Рамос ќе го одведе Манчестер Јунајтед во осмина-финалната фаза од Лигата на Шампионите.

Непредвидливата ЦСКА:
Тоа исто така е можно и за ЦСКА Москва, кои го загубија првиот меч од германскиот шампион Волфзбург но издвојуваа победа над турскиот Бешикташ.

Тие немаат најдобра сезона.Имаат уште пет меча до крајот на сезоната во Руската Лига и се наоѓаат на четвртото место на табелата.Имаат шанса да дојдат до третото место на табелата и ќе се борат за него со Зенит.

Победиле на последните четири натпревара од шест можни натпревари.Тие имаат стекнатао голема самодоверба пред мечот со Манчестер Јунајтед.

Последни пет натпревари:

ЦСКА Москва:
Спартак Налчик 1-1 ЦСКА Москва
ЦСКА Москва 4-0 Кубањ Краснодар
ЦСКА Москва 2-1 Бешикташ (Лига на Шампиони)
Зенит 2-0 ЦСКА Москва
ЦСКА Москва 3-0 Динамо Москва

Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед 2-1 Болтон
Манчестер Јунајтед 2-2 Сандерленд
Манчестер Јунајтед 2-1 Волфсбург (Лига на Шампиони)
Стоук Сити 0-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 Вулверхемптон (Карлинг Куп)


Тимски новости:

ЦСКА Москва:
Дефанзивецот на ЦСКА Василиј Березутски се враќа на теренот отакако цела недела тренираше со првиот тим.

Акинфеев одмараше на последните натпревари и е спремен и одморен за Јунајтед.

Можен состав:
Акинфеев, Березутски, Семберас, Одаја, Григориев, Алдонин, Красич, Мамаев, Џагоев, Пилев и Гиљермо.


Манчестер Јунајтед:
Јунајтед има многу повредени играчи во тимот.Вејн Руни сеуште не е спремен за настап додека Рајан Гигс се повреди на наптреварот со Болтон.

Патрис Евра исто така е повреден и Парк има иста повреда како Евра на коленото додека Флечер има повреда на зглобот.

Кај Црвените Ѓаволи сеуште не е сигурно дали ќе настапат Видич и Бербатов поради повреди.

Можен состав:
(4-3-3) - (4-5-1):Ван дер Сар, Браун, Видч, Фердинанд, Ошеа, Валенсија, Андерсон, Сколс, Керик, Нани;Бербатов

Важни играчи:

ЦСКА Москва - Алан Џагоев:
Плејмејкерот на ЦСКА Џагоев се смета за еден од најголемите таленти на европскиот фудбал.Ќе има можност да се покаже на мечот против Јунајтед.19 - от играч на ЦСКА беше најмладиот играч кој некогаш настапил за Руската репрезентација и беше избран за најдобар млад играч во Руската Лига.


Манчестер Јунајтед - Луис Антонио Валенсија:
Валенсија го постигна својот прв гол за Јунајтед во Премиер Лигата на Олд Трафорд на натпреварот со Болтон при што Јунајтед забележа победа од 2-1.Откако изигра брилијантно на гостувањето кај Бешикташ на Еквадорскиот репрезентативец му се пружа уште една таква прилика при што сега ги нема глваните играчи на Јунајтед.

Моја прогноза:
Едно од потешките гостувања оваа сезона.Руските тимови секогаш подобро играат на домашен терен и ќе биде тешко за нас.Имаат одлични таленти како Красич, Џагоев и Акинфеев.Имаме многу повреди во тимот и да видиме како ќе се снајде овој тим.Се надевам на победа и пласман во понатамошната фаза од натпреварувањето.Поздрав!;)

Извор 1!

Извор 2!



0 коментари: