сабота, 24 октомври 2009

Преглед: Ливерпул - Манчестер Јунајтед:

Утре со почеток во 15:00 во рамките од 10 - то коло од Премиер Лигата се среќаваат двата најтрофејни клуба од Англија односно Ливерпул - Манчестер Јунајтед.Натпреварот ќе се одигра на стадионот на Ливерпул т.е. Енфилд Роуд.
http://mavericonline.files.wordpress.com/2009/03/liverpool-vs-manchester-united.jpg

Изминатата недела беше тешка за Ливерпул и Рафа Бенитез и како крај на неделата пристигнува големиот шампион Манчестер Јунајтед на Енфилд.

Поразот од Сандерленд изминатата сабота со помош на топката за плажа и поразот од Лион во рамките од Лигата на Шампионите на домашен терен Црвените од Енфлид го бележат најлошиот период од историјата на клубот.

Уште еден пораз за Ливерпул можеби ќе значи отказ за Рафа Бенитез и споствениците на клубот му препорачаа дека дербито со Црвените Ѓаволи е правиот натпревар за враќање на победничките патеки.

Тие ќе настапат без нивниот капитен Стивен Џерард но се очекува Фернандо Торес да биде спремен за натпреварот.

Иако Ливерпул во последниот натпревар против Јунајтед победи со 4 спрема 1 на Олд Трафорд не веруваат дека тоа ќе се повтори на домашен терен поради отсуството на Џерард и евентуалното отсуство на Торес.

Гостите доѓаат на Енфилд без неколку клучни фудбалери но тие забележаа победа на последниот нивни натпревар со ЦСКА Москва на гости во Лигата на Шампионите.

Антонио Валенсија постигна гол за победа на Лужниќи и претходно постигна гол за победа против Болтон.Тој се надева дека ќе ја продолжи гол серијата на натпреварот со Ливерпул со што Манчестер ќе обезбеди нови три бода и заостанување на Ливерпул зад Јунајтед со неверојатни 10 бода.

Но Сер Алекс Фергусон напомена дека формата не е клучниот фактор кога се игра против Ливерпул и дека се може да се случи на мечот.

Поради повредата на Руни и можноста да не настапи, се очекува Мајкл Овен да настапи против тимот кој го издигна на највисоко ниво односно Ливерпул и се очекува жесток пречек на фановите од Мерсисајд.



Последни натпревари:

Ливерпул:
20 октомври: Ливерпул 1-2 Лион
17 октомври: Сандерленд 1-0 Ливерпул
4 октомври: Челзи 2-0 Ливерпул
29 септември: Фиорентина 2-0 Ливерпул
26 септември: Ливерпул 6-1 Хал Сити

Манчестер Јунајтед:

21 октомври: ЦСКА Москва 0-1 Манчестер Јунајтед
17 октомври: Манчестер Јунајтед 2-1 Болтон
3 октомври: Манчестер Јунајтед 2-2 Сандерленд
30 септември: Манчестер Јунајтед 2-1 Волфсбург
26 септември: Стоук Сити 0-2 Манчестер Јунајтед

Тимски новости:

Ливерпул:
Се очекува Фернандо Торес и Глен Џонсон да настапат односно да се вратат од повредите додека најверојатно капитенот Стивен Џерард нема да настапи.

Можен состав:
Реина, Џонсон, Шкртел, Карагер, Аурелио, Кајт, Лукас, Маскерано, Риера, Бенајун и Торес.


Манчестер Јунајтед:
Вејн Руни најверојатно нема да биде подготвен за дербито а исто така ќе го придружуваат Парк и Флечер додека се очекува да се вратат во тимот Евра и Гигс.

Можен состав:
Ван дер Сар, Ошеи, Видич, Фердинанд, Евра, Валенсија, Керик, Андерсон, Гигс, Бербатов и Овен.


Важни играчи:

Ливерпул - Фернандо Торес:
Шпанецот му недостасуваше на тимот неколку нетпревари и се очекува да се врати за големото дерби.

Последниот натпревар одигран на Олд Трафорд познатиот "El Nino" ја искористи приликата кога Видич наптави премногу грешки и постигна гол.Тој очекува дека тоа ќе се повтори.


Манчестер Јунајтед - Мајкл Овен:
Сите погледи ќе бидат насочени кон Мајкл Овен кој се очекува да биде меѓу првите 11 поради отсуството на Вејн Руни.

Победничкиот гол на Овен на дербито со Манчестер Сити беше сензација за секој фан на Јунајтед.Тие се надеваат дека тоа ќе се повтори и на Енфилд и дека ќе го стекне статусот "херојот на Јунајтед".


Моја прогноза:
Ќе биде тежок натпревар и покрај тоа што Ливерпул има 4 порази по ред во сите натпреварувања.Тие ќе бидат 100% мотивирани за да се вратат на победничките патеки. Додека Овен се враќа на Енфилд по подолго време но како играч на Манчестер Јунајтед. Лошо е за нас што во тимот ќе ги нема Флечер и Руни. Мислам дека ќе биде отворена утакмица со многу шанси и се надевам на победа на Јунајтед и искачување повторно на врвот на табелата!Поздрав!:)


Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: