понеделник, 5 октомври 2009

Манчестер прв, Работнички 278-ми во светот:

Институтот за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) во понеделникот на објави листата на најдобри фудбалски клубови во светот која и понатаму ја предводи Манчестер Јунајтед.

Image

„Црвените Ѓаволи“ истата позиција ја држеа и на претходното издание на листата, но во однос на минатиот месец сепак постојат некои разлики.

На пример, третопласиран тим во овој момент е лондонски Челзи кој позицијата ја презеде од сега четвртопласираниот аргентински тим на Естудиантес де ла Плата.

Позициите ги заменија и Арсенал и Хамбургер, па сега англискиот клуб ја зазема петтата позиција на фудалскиот колектив во светот, додека германеците паднаа од Топ 5-те екипи, па сега го заземаат седмото место.

Што се однесува до македонските клубови, единствениот тим кој се наоѓа во Топ 350 листата на Институтот за фудбалска историја и статистика е Работнички кој ја задржа позицијата на 278-мото место.


ИФФХС, табела на најдобрите фудбалски клубови:

1. (1.) Manchester United (Англија) 348 бод

2. (2.) Barcelona (Шпанија) 328

3. (4.) Chelsea (Англија) 294

4. (3.) Estudiantes de la Plata (Аргентина) 281

5. (7.) Arsenal (Англија) 268

6. (6.) Šahtar (Украјна) 267.5

7. (5.) Hamburger SV (Германија) 264

8. (8.) Werder (Германија) 239

9. (9.) Liverpool (Англија) 227

10. (9.) Cruzeiro (Бразил) 225

0 коментари: