четврток, 1 октомври 2009

Феноменот Гигс со 150 погодоци за Јунајтед:

Велскиот играч за врска во Манчестер, Рајан Гигс беше еден од најдобрите играчи на теренот при победата на англискиот првак против германскиот.

Image

Ветеранот кој на 29. Ноември ќе наполни 36 години се запиша во листата на стрелците и со тоа го постигна својот 150. погодок во дресот на црвените ѓаволи.

Рајан Гигс игра во првиот тим на Манчестер јунајтед уште од 1990 година и за црвените има одиграо 814 натпревари на англиската почва. Гигс има 11 титули на Англија, 4 ФА Куп трофеи, 3 пати носител на Лига купот. Велшанецот има 2 титули во Лигата на Шампионите а еднаш го има освоено и Суперкупот на Европа. Гигс има и 1 Интерконтинентална титула а минатата година стана и светски клубски шампион.

0 коментари: