петок, 9 октомври 2009

Замислете си ако дојде Маикон на Олд Трафорд:

Маикон, Бразилецот кој во последниве две сезони прерасна во најдобриот десен бек во светот би можел наредното лето да премине на Олд Трафорд.

28 годишниот репрезентативец на Бразил, уште ова лето беше поврзуван со заминување од Џузепе Меаца, но како што сега кажува неговиот агент Јунајтед почнал навистина да притиска за негов ангажман.

Интересот на Манчестер Јунајтед за мојот клиент не е ништо ново. Тие го следат веќе подолго време. Но мене ми изгледа дека сега навистина почнаа да притискаат за него. Се уште нема конктерни понудо, но интересот постои.“ - изјави Антонио Калиендо за Tuttopremier.it.

Само замислете си како би изгледала одбраната на Јунајтед со Видиќ и Фердинанд во средина и Патрис Евра и Маикон по бековските позиции. Одбрана од соништата!

0 коментари: