недела, 11 октомври 2009

Видич и Тошич меѓу последните патници за Јужна Африка:

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEj5EozKneW6WIQQkdDAHJ5ATB0w8u9I1P4SJygeJA4IjH_MyOn8fXUJ-cZV2LGM3CSjsEygWLHXTmsm_Tp6jaPtlTdSBOHXA7dpo0gVYybsRruDatLRHUxVwgB9SErD0ycMF7tAgs7o37g/s400/nemanja+vidic+manchester+united+barcelona.jpg

Немања Видич и Зоран Тошич со репрезентацијата на Србија се квалификуваа директно на престојното Светско Првенство во Јужна Африка со победата над Романија со огромни 5-0.

Како први во групата од 7 Србите го потврдија директниот пласман на Светското Првенство во Јужна Африка следната година со победата од 5-0 над Романија на домашен терен.Видич играше 73 минути, додека Тошич беше неискористена замена.

Француската репрезентација исто така победи со 5-0 против Фарските Острови и обезбедија бараж за Јужна Африка.Евра одигра 90 минути и сега е среќен бидејќи ќе се игра бараж натпревар во Ноември.

Нани е уште еден играч кој се очекува да влезе во баражот за Светското Првеснтво со својата Португалија.Со победата од 3 спрема нула над Унгарија Португалија сеуште има шанси за бараж со победа над Малта во среда дома.Нани влезе во игра во 20 минута по повредата на Кристијано Роналдо.

Серијата играчи кои обезбедија бараж за Јужна Африка ја дополнува Џон Ошеи.Република Ирска одигра 2-2 со репрезентацијата на Италија во Даблин и се пласираше во баражот за Светското Првеснтво.Ирска водеше со 2-1 но голот на Џилардињо беше пресуден за Италија да биде прва во групата и да освои директен пласман.Додека Ошеи и Гибсон со Ирска ќе се борат за настап преку бараж натпревар.

Шансите на Бугарија да го превземе второто место од Република Ирска беа скратени од Кипар кој ја победи Бугарија со 4-1.Иако Бербатов постигна гол за Бугарија тоа не беше доволно за победа или пак нерешен резултат.

Антонио Валенсија е уште еден од играчите на Јунајтед што постигнаа гол за нивната репрезентација поточно во овој случај за Еквадор.Иако Валеснија постигна гол тие се наоѓаат во ситуација да не се пласираат на Светското Првенство заради поразот од 2-1 од Уругвај со головите на Форлан.

Мајкл Керик, Рио Фердинанд и Вес Браун исто така претрпеа пораз од 1-0 од Украина.Тие веќе се имаа пласирано на Светското Првеснтво во Јужна Африка.Во 13-та минута беше пресудниот момент кога беше досуден пенал за Украина и голманот на Вест Хем Грин доби црвен картон.

Извор!

0 коментари: