вторник, 27 октомври 2009

Фергусон го прифати обвинението на ФА за недолично однесување:


По дуелот со Сандерленд на кој Црвените Ѓаволи во последните мигови се изборија за реми, Шкотот го нападна судијата Ален Вајли велејќи дека арбитарот не бил доволно физички спремен за да го издржи темпото на натпреварот.

Фудбалската Асоцијација на Англија, се реши да покрене постапка против Шкотот и го обвини за недолично однесување.

Фергусон сега го прифати обвинението и побара лично сослушување за кое сеуште нема утврдено датум.

Унијата на судии побараа стратегот на Јунајтед да добие тешка казна за Сер Алекс Фергусон, а според медиумите од Островото, на Ферги му се заканува пет натпревари суспензија.

По натпреварот од изминатиов викенд со Ливерпул и поразот на Енфилд, Фергусон повторно ги критикуваше арбитрите, овој пат Андре Маринер, за кого стратегот на Јунајтед рече дека бил без неопходното искуство за еден ваков дерби дуел но не се очекува ФА да покрена нова постапка.

0 коментари: