среда, 28 октомври 2009

Овен е фрустриран од начинот на кој се оценуваат неговите игри:


Мајкл Овен синоќа беше стартер на натпреварот против Барнсли во Карлинг Купот, тој одигра одличен натпревар постигнувајќи и погодок.

Овен смета дека медиумите го оценуваат само по тоа дали ќе постигне гол, а не и според неговиот придонес во играта на тимот.

"Старт на натпревар и гол, не можете да посакате повеќе од тоа. За жал по тоа ме оценуваат луѓето" - изјави Овен.

"Стартував на натпреварот против Болтон и бев навистина задоволен и мислев дека одиграв прилично добро. Потоа ги отворив весниците и ми беше дадена оценка 3 или 4".

"Но во овој натпревар играв навистина ефективно и постигнав гол и веројатно ќе добијам 7 од 10".

"Мислам дека заслужив пет на тој натпревар и седум или осум за натпреварот против Болтон".

И Сер Алекс Фергусон го пофали погодокот на Мајкл Овен.

"Тоа беше фантастичен гол, има таква брза нога, тоа беше одлична завршница" - рече Ферги.

0 коментари: