четврток, 15 октомври 2009

Стивен Дефур се наоѓа на радарот на Манчестер Јунајтед:

http://b0.img.v4.skyrock.net/b0a/standard310/pics/1716525370_small.jpg
Играчот од средниот ред на Стандард Лиж се поврзува со многу клубови ширум, Европа како Арсенал, Евертон и Реал Мадрид во последните месеци но како што изгледа Манчестер Јунајтед е најзаинтересиран од сите.

21 годишниот Белгиец има повреда поточно скршеница на стопалото од пред еден месец и се очекува да отсуствува до крајот на 2009 година.И покрај тоа Белгискиот весник Het Laatste Niewus изјави дека менаџерот на Црвените Ѓаволи му испратил писмо на играчот за побрзо да се врати на терените.

"Драг Стивен слушнав за твојата повреда," и потоа следува во писмото ,"Можеби сега ќе бидеш разочаран поради повредата но ќе бидеш исто така мета на многу медиуми но не биди загрижен се ќе биде како што треба.Ќе треба повеќе да работиш но ние ќе ја следиме твојата состојба и ќе останеме во контакт со Стандард се до твоето враќање на терените."

Дефур потврди дека добил писмо од Сер Алекс но вели дека не бил задчуден што било адресирано не само на него туку и на клубот Стандард.

Извор!

0 коментари: