петок, 16 октомври 2009

Андерсон: Во Манчестер Јунајтед се чуствувам како дома:


Андерсон немаше добар старт на неговата трета сезона во Јунајтед, тој не беше задоволен од добиената минутажа, а се појавија гласини и дека имал расправија со Фергусон.

Сепак, сега работите се променети, тој почесто е во тимот, а на дуелот против Тотенхем го постигна и својот прв гол за клубот.

"Се чуствувам среќен тука. Сите имаат периоди кога не им е најдобро, но тука сум дома" - изјави Андресон.

"Во Манчестер Јунајтед сум три години. Сите во клубот се однесуваат убаво со мене. Исто како во фамилија".

"Треба да постигнувам повеќе голови, но според начинот на кој игра тимот, многу ќе биде тешко да влезам во позицијата на шут".

"Се надевам дека во иднина ќе имам повеќе шанси за гол, и ќе можам да постигнам многу голови за Манчестер Јунајтед".

"Роналдо сеуште ми е голем пријател. Како што ми е он, така и Тевез, ништо не се промени. Ние сме големи пријатели".

"Тие и двајцата беа многу важни фудбалери за клубот. Како и да е, тоа често се случува во фудбалот и клубот мора да оди напред".

"Ние сеуште имаме големи фудбалери како Рајан Гигс, Вејн Руни и Нани. Сега исто така го имаме и Антонио Валенсија".

"Јунајтед мора да оди напред и да не гледа во минатото" - заврши Андерсон.


0 коментари: