петок, 9 октомври 2009

Јоветиќ го одби Манчестер Јунајтед:

http://www.uefa.com/ml/images/players/ucl/220X220/102514.jpg

За разлика од поголемиот број на фудбалери кои сонуваат да го облечат дресот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед, репрезентативецот на Црна Гора, Стеван Јоветиќ, откри дека е среќен во Фиренца. Тој истакна дека не размислува за никаков трансфер во англиската Премиер лига.

„Редовно читам за трансфер шпекулациите и информациите во кои се пишува за моите услуги. Ми годи фактот дека мојата игра е следена од раководните лица на Манчестер Јунајтед. Сепак, јас морам веднаш да кажам дека сум среќен во Фиренца. Тука имам се, можам да напредувам на сите полиња. Имам договор до 2014 година и нема да го раскинам“, изјави Јоветиќ.

Црногорскиот интернационалец додаде дека се уште има место за напредок кога е во прашање неговата игра.

„Не можам да ви опишам како ми беше кога го победивме англискиот премиерлигаш Ливерпул во Лигата на шампиони. Мислам дека се уште сонувам. Убеден сум дека уште долго ќе се памети оваа победа. Имаме предност над Ливерпул, но има уште четири натпревари во групната фаза. Мора да работам на мојата игра, има уште место за напредок“, изјави Јоветиќ.

0 коментари: