недела, 4 октомври 2009

Рио Фердинанд: И најдобрите грешат:

Сандерленд на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед водеше со 2:1 се до третата минута од судиското надополнение, но бодот на англиските шампиони им го осигура Фердинанд, но помладиот брат на Рио Фердинанд - Антон со гол во својата мрежа.
Image
Сандерленд беше на чекор до првата победа на „театарот на соништата“ уште од 1968-та година, но не успеа да го направи тоа пред се поради грешката на Антон Фердинанд. По натпреварот помладиот брат добил неколку утешни зборови од Рио, кој поради полесна повреда целиот натпревар го помина на клупа.

„На Антон по натпреварот му кажав дека такви работи им се случуваат и на најдобрите играчи. Не се радував премногу по изедначувачкиот гол поради својот брат.“ - изјави стоперот на англиската репрезентација.

Од друга страна пак, Алекс Фергусон по завршетокот на натпреварот го критикуваше судијата Вајли поради неговата физичка подготвеност и најави жалба поради неговата ситуација.

0 коментари: