среда, 28 октомври 2009

Валенсија можно е да ги продаде Давид Силва и Давид Виља:


Лос Че долго време е во финансиски проблеми и се очекуваше изминатиов летен трансфер период да продаде дел од своите ѕвезди.

Реал Мадрид, Барселона, Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и уште неколку гиганти пробаа да ги ангажираат најважните играчи на клубот, Давид Силва и Давид Виља, но Валенсија одолеа на сите напади.

Но бидејќи сеуште не е пронајден начин како клубот да ги надмине финансиските тешкотии, спортскиот директор, Фернандо Големз признава дека тие размислуваат за продажба на своите ѕвезди.

Тој за Las Praovoncias TV рече: “Доколку пристигне момент кога нема да можеме веќе да ја издржиме ситуацијата, секако дека тогаш ќе мораме да продаваме играчи и тие (Виља и Силва) ќе бидат продадени.”

“Направивме огромен напор во летниот трансфер период за да ги задржиме, но доколку економската ситуација продолжи, тогаш работите можат да станат многу сериозни.”

“Сепак ние забележавме успех со самото тоа што успеавме да ги задржиме бидејќи добивме високи понуди за нив.”

Медиумите од Островото велат дека Сер Алекс Фергусон во јануари ќе го одврзе ќесето и ќе потроши дел од сумата што да ја доби од продажбата на Роналдо и Давид Виља и Давид Силва се дел од неговите желби.

Но Фернандо Гомез вели дека по истекот на летниот период тие немаат добиено официјална понуда.

“Немаме добиено официјална понуда ниту за Виља ниту за Силва.“

0 коментари: