вторник, 27 октомври 2009

Целта на Јунајтед, Диего Лопез заинтересиран за преселба во Премиер Лигата:


Извештаите на Шпанските медиуми сугерираа дека Лопез е мета на шампионот од Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед кој има листа на неколку имиња за долгорочно покривање на голманската позиција.

Едвин ван дер Сар, кој во четврток ќе наполни 39 години најверојатно по крајот на сезоната ќе се пензионира а Англискиот интернационалец Бен Фостер сеуште не убедил дека може да биде достојна замена за Холанѓанецот.

Диего Лопез е дел од листата на желби на Сер Алекс како можна замена за Ван дер Сар, и голманот е во импресивна форма откако во 2007 се пресели во Виљареал од редовите на Реал Мадрид.

Во август тој го имаше својот прв настап за селекцијата на Шпанија и се шпекулира дека веќе во два наврати бил следен од скаути на Јунајтед.

27 годишниот чувар на мрежата на Жолтата Подморница е проценет на околу 15 милиони фунти (околу 17,5 милиони евра) и Лопез е свесен за шпекулациите кои го поврзуваат со преселба во Англија.

“Свесен сум за шпекулациите и Премиер Лигата е многу атрактивна опција.” – The Sun го цитира Лопез.

0 коментари: