вторник, 20 октомври 2009

Ферги не е загрижен од теренот на Лужички Стадионот:


Шампионот на Премиер Лигата утре се среќава со ЦСКА Москва и натпреварот на Лужички Стадионот ќе се одигра на вештачка трева.

Англија загуби од Русија во квалификациите за ЕВРО 2008 на таква подолога, а и менаџерот на Астон Вила, Мартин О’Нил упати големи критики за теренот по поразот на неговиот тим од ЦСКА во минатогодишното издание на УЕФА Купот.

Како и да е, Фергусон не е загрижен поради квалитетот на теренот и се повикува на искуствата од минатото кога тие играле на вештачка трева.

“Немам никакви проблеми со теренот во Москва.” – рече Фергусон. “Кога Лутон и КПР ги имаа во минатото секогаш игравме добро на нив.”

“Имаме добар скор на натпреварите одиграни на вештачка трева и тоа кога вештачката трева не беше толку квалитетна. Онаа во Москва е со многу добар квалитет.”

“Го гледав минатиот натпревар на ЦСКА Москва во Лигата на Шампионите и не видов дека теренот создава проблеми.”

0 коментари: