сабота, 3 октомври 2009

Видиќ: Манчестер само ќе се подобрува во иднина:


Осум последователни победи во последните шест недели допринесоа екипата на Манчестер Јунајтед да се најде на врвот во Премиер Лигата и Групата Б од Лигата на Шампионите, а избраниците на Ферги обезбедија место и во четвртото коло од Карлинг Купот.

Сандерленд е следниот противник на Црвените Ѓаволи, а Видиќ кој постигна драматичен погодок за победа против ’Црните Мачки’ минатата сезона, вели дека најдоброто од Јунајтед допрва доаѓа.

“Во моментов ни оди одлично и го имаме најдобриот старт во сезоната откако јас сум тука.” – рече Видиќ за ManUtd.com.

“Одигравме неколку големи натпревари и поминавме добро, па задоволни сме. Но знаеме дека секогаш можеме да се подобриме и сеуште ја немаме достигнато најдобрата форма.”

“Мислам дека е добро бидејќи сезоната не е ’спринт’ повеќе е како ’маратон’.”

“Имаме квалитетни играчи, но мали детали одлучуваат за тоа кој ќе победи во првенството и куповите.”

“Треба да се осигурате дека секогаш сте подготвени за финалниот дел од сезоната кога имате многу важни натпревари.”

0 коментари: