четврток, 1 октомври 2009

Рајан Гигс - Kралот од Олд Трафорд

Рајан Гигс. За малку фудбалери, или воопшто спортисти може да се каже дека станале вистински легенди уште во текот на активната кариера. Рајан Гигс апсолутно спаѓа во таа категорија. Во продолжение ви донесуваме „приказна“ за легендата на островскиот фудбал.

Image

„Секогаш ке се сеќавам на денот кога прв пат го гледав на теренот. Изгледаше така опуштено и природно, без трема.“- се присети Сер Алекс Фергусон на далечната 1987година кога прв пат го гледаше Рајан Гигс, тогаш како 14-годишен. „Од тој момент го штитевме Рајан како богатство, што навистина и беше.“- раскажува Фергусон.

Големиот Рајан Гигс и денес, 2009година, е вистински талисман на Манчестер Јунајтед. Треба човек навистина длабоко да отиде во мислите за да се сети на негов лошо одигран натпревар, на периодот когаш бил надвор од форма. Рајан Гигс во средата го одигра 814. натпревар за тимот од Олд Трафорд и го постигна својот јубилеен 150ти гол.

Гигс е роден на 29ти ноември 1973година во Кардиф, но како дете се одселил од Англија. Како тоа обично бива, откако во Манчестер Сити не го препознаа неговиот талент, шанса му пружи неговиот градски ривал. Историјата е сведок дека на 14-годишна воздраст во домот на Рајан неочекувано се појавил ни помалку ни повеке туку лично Алекс Фергусон, со намера да го донесе во Јунајтед. Кога наполни 17години, Гигс стана професионалец, а веке неколку месеци пред тоа, во 1991година, го забележа своето доби за „Црвените Ѓаволи“. Иако селекторите на младинските англиски репрезентации силно посакуваа Гигс да го носи дресот на „Гордиот Албион“, тоа едноставно не беше возможно. Имено, ниту Рајан ниту неговите родители не се родени во Англија. Затоа Гигс стана најмладиот репрезентативец на Велс во историјата со 17години и 321денови, на натпреварот против Западна Германија.

Првиот трофеј во кариерата стигна есента во 1991година, кога Манчестер го осови европскиот Супер Куп, а на крајот од таа сезона Гигс добива награда за најдобар млад играч во лигата. Популарноста нагло му порасна, дури доби и својата телевизиска емисија под насловот „Фудбалската вистина на Рајан Гигс“. Легендата на Јунајтед, Ерик Кантона покасно потврди: „Телепатски се разбирав со Гигс!“. Во текот на деведесетите години Гигс наголемо му помогна на својот клуб во осовјувањето на пет наслови на првак на Англија, три ФА Куп-ам, Карлинг Купот и Интернационалниот Куп. Годината од соништата за сите фанови на Јунајтед беше во 1999г. кога во Манчестер се осети фамозниот „treble“. „Бебињата“ на Фергусон во таа сезона ја освоија Лигата на шампионите и двојата круна во Англија. Во полуфиналето на ФА Купот таа година Рајан Гигс го постигна можеби најдобриот гол во својата кариера против Арсенал.






На влегувањето во нивиот век веке беше клубска легенда иако имаше помалку од 30години. Својот стоти гол за Јунајтед го псотигна во 2002година нагости против Челзи. Заедно со Рој Кин стана единствениот играч кој го четврти пат во осовил ФА Купот. Кој знае, можеби и оваа сезона ке дојде до петтиот трофеј. Во тие години малку недостасуваше Рајан да им поклони нешто и на домашните навивачи, оние во Велс. Со својата репрезентација дојде до бараж квалификациите за Еуро 2004 во Португалија, меѓутоа Русија беше пречката која веројатно го спречи Гигс сонот да му стане јаве.

Гигс е веројатно најдобриот играч во историјата на фудбалот кој не се натпреварувал на големо репрезентативно натпреварување. Од игрите за репрезентацијата се опрости во 2007година, но затоа на клубски план непрестана да нижи трофеи. Во 2008година повторно ја освои Лигата на шампионите, заедно со титулатата во Англија. Сепак, најдграгото признание за Гигс стигна минатата сезона. Здружението на професионални фудбалери на Англија го изгра Гигс за најдобар играч на сезоната „Продолжив да освојувам трофеи со Манчестер Јунајтед. Од индивидуалните само двапати бев наградуван за најдобар млад играч. Но, ова е најголема награда од сите, најдраго е да се добие признание од колегите“- изјави Велшанинот. Интересен е фактот дека во таа сезона Гигс само 12пати тргна од првата минута.

Во големата и долгогодишанта кариера, Гигс 11пати ја освојуваше шампионската титула во Англија, два „златника“ има од Лигата на Шампионите, четири од ФА Купот, три од Карлинг Купот, еден интернационален Куп, едно Светско клубско првенство, седум домашни Супер Купови, и еден европски Супер Куп. Ни беше лесно да се пребројат... Дури во осум наврати беше избран во најдобриот тим на сезоната, а во 2005година беше избран и во Куќата на славните англиски фудбалери. Колку е омилен меѓу навивачите покажува и петицијата која се појави на интернетот, се цел Рајан Гигс да се прогласи за витез. Сите Вие кој се слагате со таа идеја, можете да „потпишете“ ОВДЕ .

Рајан Гигс е еден од оние играчи кој изразито ги ценат и почитуваат најголемите ривала. Првенствено поради играчкиот квалитет, но и поради неговиот поштен однос кон фудбалот и публиката. Алекс Фергусон во 1999г. во својата автобиографија напиша: „Искрено можам да кажам дека колку и да плаќал Јунајтед во овие 13години, беше оправдано бидејќи успеав да осигурам Рајан Гигс да игра за нас“.

Значи, тоа беше кажано пред десет години. Гигс им пркоси на годините и продолжува да ги одушевува не само навивачите на Манчестер Јунајтед, туки и сите оние љубилети на добрата игра, на фудбалот. Рајан Гигс, жива легенда...



0 коментари: