вторник, 13 октомври 2009

Маикон сака подобар договор од Интер, екипите од Манчестер подготвуваат понуди:


Бразилскиот интернационалец неодамна стави потпис на нов договор според кој доби покачување на платата од 3 милиони евра на 3,6 милиони евра.

Но агентот на играчот сака да го искористи интересот на неколкуте клубови за да обезбеди уште побогат договор за својот клиент.

Маикон изминатово лето беше мета на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но Интер вети дека ќе ги разгледа барањата на играчот па десниот бек продолжи да го носи дресот на Нероаѕурите.

Но бидејќи Нероаѕурите сеуште немаат излезено во пресрет на барањата на Маикон (се шпекулира дека агентот на Маикон, Антонио Калиендо побарал годишна плата од 6 милиони еврa) повторно се отвара темата за можното заминување на Бразилецот.

“Нема подобрување на договорот, клубот не го исполни ветувањето и покажа непочитување кон нас.” – рече Калиендо.

“Тие ја изневерија нашата доверба со ваквиот начин на однесување.”

“Маикон е шампион, и тој е најдобриот играч во светот на својата позиција.”

“Манчестер? Доколку тие достават понуда, и Масимо Морати сака да ја разгледа, тогаш ние ќе бидеме подготвени да ги дискутираме сите опции.” – заврши Калиендо.

Поикрај Црвените Ѓаволи за услугите на Маикон е заинтересиран и нивниот градски ривал, Манчестер Сити.

Англискиот весник The Sun објави дека екипата на Манчестер Сити е подготвена да одвои 25 милиони евра за да се пресели Маикон, а клубот од Истлендс на играчот ќе му понуди и годишна плата од околу 5 милиони евра.

0 коментари: