среда, 7 октомври 2009

Ван дер Сар цели кон враќање на дуелот со Болтон:


Холанѓанецот одигра цели 90 минути на вчерашниот дуел помеѓу резервите на Манчестер Јунајтед и Евертон.

39 годишниот голман немаше многу работа против младите ’Карамели’ но е задоволен што не чувствува никакви проблеми по натпреварот.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи сигурно ќе биде задоволен од вестите за враќањето на Ван дер Сар откако се веруваше дека Шкотот станал фрустриран од грешките на Бен Фостер кој го чинат Јунајтед многу.

“Ќе бидам подготвен за дуелот со Болтон.” – рече Ван дер Сар за MUTV.

“Се чувствувам добро и немав никаква реакција. Натпреварот ќе се одигра за 10 дена и до тогаш ќе одработам уште неколку тренинзи и ќе бидам подготвен за првиот старт во новата сезона.”

Ван дер Сар открива дека тој можел да продолжи со тренинзите но чувствувал дека дуелот со Евертон ќе му обезбеди перфектна шанса да ја тестира проблематичната рака.

“Секако дека можев да тренирам но голем дел од момците се на интернационална должност и нема многу играчи тука.”

“Само почувствував дека ова е идеална можност да одиграм реален натпревар.”

0 коментари: