сабота, 10 октомври 2009

Судијата Ален Вајли доби извинување од Сер Алекс Фергусон:


Стратегот на Јунајтед го нападна судијата Вајли откако Црвените Ѓаволи успеаа да освојат само бод на дуелот со Сандерленд благодарејќи на погодок во втората минута од судиското продолжение.

“Му се извинувам на господинот Вајли доколку тој е лично засрамен по моите зборови упатени кон него. Исто така се извинувам и на ФА поради тоа што јавно го искажав моето гледиште.” – гласеше соопштението на Фергусон на официјалната веб страна на Јунајтед.

“Во ретроспектива, прифаќам дека сето ова можеше да биде сватено како искажување на овие гледишта на неправилен начин.”

“Никогаш немав намера да го донесам фокусот на медиумското внимание врз господинот Вајли. Имам намера лично да стапам во контакт со него откако ќе се вратам од патувањето за време на интернационалната пауза.”

“Исто така сакам да остане забележано дека јас секогаш сум го почитувал интегритетот на Ален Вајли, и немав намера да индицирам дека господинот Вајли е лош судија, дека на било каков начин беше пристрасен, дека одлуките кои ги донесе за време на натпреварот беа погрешни, или дека тој пропушти некој важен инцидент на натпреварот.”

“Мојата единствена намера беше да проговорам за нешто што јас мислам дека е многу важна работа во модерниот фудбал – фитнесот на судиите.”

0 коментари: