четврток, 22 октомври 2009

Фергусон задоволен од формата на Јунајтед:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон изрази задоволство од формата во која тимот се покажува, посебно при гостувањата.

Image

Јунајтед славеше над ЦСКА Москва во 3-тото коло со 1:0. Но покрај 3-те поени, оваа победа има и други работи што го радуваат Фергусон.

Со истата победа над руската ЦСКА од Москва во Лигата на Шампоините, англискиот шампион Манчестер Јунајтед го изедначи рекордот на Ајакс од 14 последователни натпревари без пораз како гостин во европските клубски турнири.

„Овој рекорд е нешто впечатливо и треба да се гордееме со него. Не е лесно да се презентирате на толку високо ниво во Европа, а тоа покажува и за зрелоста на тимот. Натпреварувањата бараат посебен начин н а игра при гостувањето, и токмо тоа можевте да го видете против ЦСКА. Покажавме трпеливост, ја задржавме топката во наша посед и тоа се покажа како клучен фактор. Задоволен сум од моите фудбалер. Веќе имаме 9 поени, а секогаш сум викал дека 10 се доволни за пласман понатака. Се надевам дека во наредниот дуел против ЦСКА ќе го обезбедиме пласманот.“ - изјави Фергусон.

Шкотланѓанецот ја пофали и презентацијата на стрелецот на погодокот, Антонио Валенсија.

„Валенсија е главниот играч во изминатите недели. Тој веќе се снајде во тимот и неговата доверба расте. Антони ги има сите квалитети за едно добро крило - сила, баланс, техника и одличен центаршут. Уште кога го зедовме, идеата беше да го продлжмиме неговиот развој како играч. Сега тој постигна два погодоци во два натпревари и верувам дека тоа ќе се одрази добро на него.“ - заврши Ферги.

Последниот пораз на „црвените ѓаволи“ во Европа беше во Мај во 2007-та година, кога тимот на Алекс Фергусон беше поразен со 0:3 од италјанскиот гигант Милан на стадионот „Сан Сиро

0 коментари: