петок, 9 октомври 2009

Акинфеев во Манчестер Јунајтед?

Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев можно е да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед во наредното лето, ако сегашниот прв чувар на мрежата на "црвените ѓаволи", Едвин Ван дер Сар реши да се пензионира.

Сер Алекс Фергусон изјави дека Ван дер Сар најверојатно ќе се повлече од професионалниот фудбал по крајот на сезоната 2010-та, па има намера да го ангажира Акинфеев како нов број 1 чувар на мрежата. Шансата за прв голман ја пропушти Бен Фостер кој оваа сезона брани во слаба форма.

Акинфеев уште на 17 годишна возраст дебитираше на голот на ЦСКА Москва, а за руската репрезентација има одиграно 35 натпревари. На три пати во последните четири години го доби признанието за најдобар голман во Русија.

Рускиот тим првично одреди високо обесштетување од 20 милиони фунти за Акинфеев, но претседателот на ЦСКА, Јевгени Гинер изјави дека нема смисла да се задржуваат играчи кои имаат можност за напредок во кариерата.

0 коментари: