петок, 2 октомври 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Сандерленд:

Победата над Стоук Сити на стадионот Британија минатиот викенд го испрати шампионот на врвот на табелата и се израмни со Челзи но поради подобрата гол разлика тие се први за прв пат оваа сезона.Манчестер Јунајтед со евентуална победа над Сандерленд има шанси да да се одлепи на врвот на табелата со оглед на тоа дека во ова коло Ливерпул му гостува на Челзи.Натпреварот се игра на Олд Трафорд со почеток во 18:30 минути.
The image “https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhVmP8ccesowNF_W0PYOggLg8j-4piUjOOuRQ3-PygNh_ukjkQuwrja3reSkWjpuTBIaauislQDwle8J9HsTvqSqqbE6imEQuB6Sfee_kJ3nt5iyu8VXj64nO5j0E7Qc0aI13123Dxf9TtA/s400/oldtrafford+stadium.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Благодарение на добрата игра на Рајан Гигс и тимот и тактиката на Сер Алекс Манчестер Јунајтед нанижа осум победи во низа.

После импресивната игра против Стоук Гигс забележа уште една добра партија против Волфзбург во средата и го постигна 150 гол во дресот на Манчестер Јунајтед.

Можеби Гигс ќе одмара на дуелот со Сандерленд но фудбалерите на Јунајтед не се премногу загрижени бидејќи статистиката и традицијата се на нивна страна со 12 победи во последните 16 пресметки во Премиер Лига против Сандерленд.

Ќе им треба инспирација сепак на Црвените Ѓаволи бидејќи минатата сезона Сандерленд ќе си заминеше со еден бод од Олд Трафорд.Но Немања Видич в0 90 минута го постигна единствениот гол на натпреварот и му донесе победа на Манчестер Јунајтед.

Рушење рекорди:
Црните Мачки го имаат најдобриот старт во Премиер Лигата во нивната историја и победата од 5-2 на Вулверхемптон минатото коло ја има зголемено нивната самодоверба.

Екипата на Сандерленд има одлични напаѓачи како Дарен Бент, Кенвајн Џонс и поранешниот напаѓач на Црвените Ѓаволи Фрејзер Кемпбел.

Стив Брус сепак изјави дека нема Сандерленд да се брани на Олд Трафорд но ќе биде среќен ако неговите избраници освојат па барем и еден бод.

Сепак и тоа ќе биде тешко бидејќи последната победа на Сандерленд над Манчестер Јунајтед е далечната 1997 година во месец Март - или 1968 година прва победа на Сандерленд на Олд Трафорд.

Последни Натпревари:

Манчестер Јунајтед:

30 септември: Манчестер Јунајтед 2-1 Волфзбург
26 септември: Стоук Сити 0-2 Манчестер Јунајтед
23 септември: Вулверхемптон 0-1 Манчестер Јунајтед
20 септември: Манчестер Јунајтед 4-3 Манчестер Сити
15 септември: Бешикташ 0-1 Манчестер Јунајтед


Сандерленд:

27 септември: Сандерленд 5-2 Вулверхемптон
22 септември: Сандерленд 2-0 Бирмингем
19 септември: Барнли 3-1 Сандерленд
12 септември: Сандерленд 4-1 Hull
29 август: Стоук 0-1 Сандерленд

Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:
Бен Фостер ќе го замени на голот Томас Кушчак по неиграниот натпревар против Волфзбург.Исто така Бербатов ќе го замени Мајкл Овен кој се повреди на дуелот со Волфзбург и ќе отсуствува една недела.

Можен состав: Фостер, Ошеа, Фердинанд, Видич, Евра, Валенсија, Флечер, Сколс, Нани, Бербатов и Руни.


Сандерленд:
Кај Црните Мачки треба да се врати Ли Катермол по повредата и исто така и Лорик Кана по повредата на зглобот треба да стартува.

Можен состав: Гордон, Тарнер, Менза, А.Фердинанд, Ричардсон, Малбранк, Кана, Рид, Катермол, Бент и Џонс.

Важни играчи:

Манчестер Јунајтед - Дарен Флечер:
Шкотот е еден од клучните играчи на Манчестер Јунајтед оваа сезона и би требало да даде се од себе по пропуштениот натпревар со Волфзбург.

Сандерленд - Дарен Бент:
Дарен Бент има одличен скор сезоонава со седум гола во седум натпревара и дефанзивците на Јунајтед ќе имаат тешка работа да го спречат напаѓачот на Црните Мачки.

Моја прогноза:
Сандерленд не е е воопшто тим за потценување и има одлични поединци како Катермол, Кана, Џонс, Бент и многу други и способни се да го решат натпреварот со еден потег но очекувам продолжување на победничката сезона и победа.Поздрав!:)

Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: