понеделник, 12 октомври 2009

Лука Модриќ како замена за Пол Сколс?

Англискитe медиуми повторно го селат Лука Модриќ на Олд Трафорд. Веќе претходно се зборуваше дека Манчестер сака да го доведе Модриќ, а за возврат на Вајт Харт Лејн да го испрати Мајкл Керик и 10 милиони фунти.

Image

Но, овој пат според тамошните медиуми Јунајтед сака да го купи Модриќ како замена на англискиот ветеран Пол Сколс, кој се наоѓа на залезот од кариерата.

Алекс Фергусон во последните шест месеци испраќаше огромен број на комплименти на сметката на хрватскиот играч за врска, а во неколку наврати изјавуваше дека со задоволство сака да го види Модриќ во својот тим.

94-те милиони евра кои Манчестер ги доби од продажбата на Кристијано Роналдо скоро недопрени лежат на Олд Трафорд па Фергусон би можел да ги искористи оваа зима за да го донесе играчот за врска од Хрватска. Модриќ така би добил половина година да се адаптира на новиот тим пред почетокот на новата сезона.

0 коментари: