четврток, 8 октомври 2009

Овен: Само погодоците ме враќаат во репрезентацијата:

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен сеуште се надева дека ќе го пронајде местото во англискиот тим на Светското Првенство во Јужна Африка.Image
Иако Фабио Капело направи одличен тим и без Овен во него, а репрезентацијата се „прошета“ низ групата 6 во квалификациите за СП, Овен смета дека место за него има во неа, што ќе проба да го оствари со добрите игри.

„Убаво е да се гледа кога Англија игра добро. За моја жал секој пат кога треба и јас да се докажам, ме следува некој повреда. Но нема оправдување, само морам да продолжам со добри игри и да постигнувам што повеќе голови.“
- вели Овен.

„Секогаш бев оптимист и никогаш не сум се менал играчки. Моите погодоци зборуваат за мене, сите знаат што носам со својата игра. Тоа го докажував и на натпреварите на светските првенства. Последна работа која сакам е да започне кампања која би ме вратила во репрезентацијата, најпрвин ќе продолжам да постигнувам што повеќе погодоци за Манчестер Јунајтед.“

„Имам прилика за живот и ако не играм за репрезентацијата. Не поминувам бесни вечери во неа. Член сум на голем тим и се борам за трофеи, а погодоците се единствено нешто што можат да ме вратат на самиот врв.
“ - заклучи стрелецот на 40 погодоци од 89 настапи за Англија.

0 коментари: