среда, 7 октомври 2009

Џеко: Неможев да мрднам од Видиќ:

Напаѓачот на Волфзбург Един Џеко смета дека Немања Видиќ е најдобриот одбранбен фудбалер против кого имал шанса да игра во кариерата.

Image

Босанскиот репрезентативец играше против Манчестер Јунајтед во второто коло од Лигата на Шампионите и успеа да го постигне водечкиот погодок, но „црвените ѓаволи“ на крајот запишаа три бода на Олд Трафорд победувајќи со 2:1.

Џеко во изјавата за сараевскиот дневник „Dnevni Avaz“ нагласи дека тој дуел му бил еден од најтешките во досегашната кариера, бидејќи за директен чувар го имал српскиот репрезентативец Видиќ.

Видиќ цело време беше зад мене. Едностано не можев да дишам. Видиќ и Рио Фердинанд се одличен дефанзивен пар, кој има неверојатна комуникација на теренот.“ - изјави Един Џеко.

Освен Видиќ, Џеко го истакна и играчот на Милан Каха Каладзе, исто така како одличен чувар. „Грузиецот исто така е одличен како и Видиќ и многу тешко е топката да се прими топка, а не пак да се постигне погодок.“

0 коментари: