петок, 16 октомври 2009

Руни го пропушта дуелот со Болтон - Ван дер Сар се враќа:


На денешната прес-конференција, Сер Алекс Фергусон потврди дека Англискиот интернационалец, Вејн Руни ќе го пропушти дуелот со Болтон.

Напаѓачот, кој заработи повреда на листот на ногата на интернационална должност исто така е неизвесен за дуелот со ЦСКА Москва во Лигата на Шампионите, натпревар кој се игра следната недела.

“Руни не е во комбинација за дуелот со Болтон – тоа е сигурно.” – рече Фергусон. “Даваме максимум за да го оспособиме за дуелот во среда но тој останува неизвесен.”

“Се надевам дека ќе биде фит за дуелот со Ливерпул. Нема да ризикуваме во Москва.”

Добри вести за Сер Алекс Фергусон е враќањето на Едвин ван дер Сар, кој нема настап во новата сезона.

38 годишниот голман, се повреди на еден натпревар во подготвителната сезона изминатово лето и се врати на терените на 6 октомври со резервниот тим на Јунајтед.

“Едвин е фит и тој утре може да игра. Натпреварот со резервниот тим беше добро за неговиот морал и самодоверба.”

0 коментари: