среда, 7 октомври 2009

Овен: Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во светот:


Овен беше заменет во средината на првото полувреме од дуелот со Волфзбург во Лигата на Шампионите откако се пожали на болка во тетивата зад коленото.

Првично се чинеше дека напаѓачот ќе отсуствува неколку недели но детелните прегледи покажаа дека повредата не е сериозна и Овен ќе отсуствува само неколку дена.

Англискиот интернационалец треба да продолжи со тренинзите оваа недела и се очекува да биде фит за дуелот против Ливерпул на 25 октомври.

“Го напуштив теренот пред повредата да стане посериозна.” – рече Овен. “Па наместо да отсуствувавм три до четири недели, сега се само три до четири дена, но тоа е нешто што го добивате со искуството.”

Фановите на Ливерпул беа изненадени што Овен ова лето реши да се пресели кај нивниот најголем ривал а сигурно ќе бидет уште повеќе разочарани откако Овен го окарактеризира Јунајтед како ’најголемиот фудбалски клуб во светот’.

“Фантастично е да се работи под водство на Сер Алекс. Имате се што очекувате од топ, топ тим, најверојатно најголемиот клуб во светот.“

“Сите, од човекот задолжен за дресовите, до девојките кои работат во кантината и менаџерот се прва класа.”

0 коментари: