петок, 30 октомври 2009

Тотенхем заинтересиран за Рио:

Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап планира да го доведе централниот одбранбен фудбалер на шампионот Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, Рио Фердинанд, објавува Дејли Мејл.

Фердинанд се наоѓа во слаба форма оваа сезона и менаџерот сер Алекс Фергусон неколку пати го критикуваше дефанзивецот кој ќе отсуствува и на утрешниот натпревар од Премиер лигата против Блекбурн.

Ферги во иднина планира да го доведе младиот одбранбен играч на Евертон, Џек Родвел, така што местото на Рио во почетниот тим за првпат ќе му биде загрозено, откако пред 7 години дојде во клубот од редовите на Лидс.

Реднап пак сака да ја засили одбраната на тимот од Вајт Харт Лејн со искусен фудбалер, бидејќи во последно време се почесто се повредени дефанзивците Ледли Кинг и Џонатан Вудгејт.

0 коментари: